На сила останува донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните.
Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, рече денеска директорот на генцијата за храна и ветеринарство , Оливер Миланов.
На прес-конференција во Владата, Миланов информира дека и денеска продолжуваат активностите на инспекциските служби преку спроведување контроли над операторите со храна во Гостиварско.
Целта на вонредните засилени мереки, нагласи, е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нови релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај.
–АХВ со најголемо внимание ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во Општина Гостивар. Од првиот момент кога беа добиени сознанија за можен ризик по јавното здравје врз основа на добиеното известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење во гостиварскиот вопдоснабдителен систем, инспекциските служби на АХВ спроведоа вонредна контрола во овгој водоснабдителен систем во село Вруток, Општина Гостивар. Согласно законските надлежности и воспоставените протоколи, контролата беше спроведена на 16 јули во доцните вечерени часови во соработка со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника – МВР Гостивар. Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение се поставени пумпи која директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем, напомена директорот.
Според него, стручни лица на Институтот за јавно здравје земале четири мостри од водата од резервоараот, каптажата, од површинска вода и од јавна чешма во џамија, за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.
