Вести Македонија Топ вести

Д-р Даниловски по извештајот на ОЈО: Неопходни се и дополнителни микробиолошки и епидемиолошки анализи и испитувања кај заболените

Д-р Драган Даниловски во објава на Фејсбук, сподели анализа за епидемијата во Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против три раководни лица во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Според соопштението  на Обвинителството, постои сомнение дека при тестирање на притисокот во водоводниот систем биле поставени потопни пумпи кои пренесувале вода од отворен канал во системот за вода за пиење, што довело до мешање на површинска и вода за водоснабдување. Во примероците биле утврдени значително зголемени вредности на колиформни бактерии и други микробиолошки показатели.

Даниловски оценува дека неопходни се и дополнителни микробиолошки и епидемиолошки анализи, вклучително и испитувања кај заболените, анализи на водоводната мрежа и реконструкција на ширењето на епидемијата.

Епидемиологот прави јасна разлика меѓу епидемиолошката и кривичната постапка. Додека епидемиологијата го утврдува синџирот на настаните и начинот на ширење на заразата, тој посочи дека правната постапка треба да утврди дали постои кривична одговорност и кој евентуално ја сноси.

Воедно, Даниловски предупредува дека случајот не смее да се сведе само на индивидуална вина. Според него, неопходно е да се испитаат и институционалните слабости – процедурите за управување со водоснабдителниот систем, санитарниот надзор, контролата на ризиците, комуникацијата меѓу институциите и навременото информирање на јавноста.

Тој заклучува дека новите факти ја потврдуваат важноста од навремено препознавање на здравствените ризици и од брза реакција на институциите, но и дека по завршувањето на истрагата е потребна независна и сеопфатна анализа за да се спречат слични случаи во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе