Uncategorized Вести Свет Топ вести

Неизвесни избори во Унгарија меѓу Орбан и Маџар – се гласа во голем број

Во Унгарија денеска се одржуваат редовните парламентарни избори, кои многумина ги сметаат за најнеизвесни во последните две децении.

Граѓаните избираат 199 пратеници во Националното собрание по мешовит изборен систем кој комбинира мнозински и пропорционален модел.

Според податоците на унгарската национална изборна комисија, 16,9 проценти од регистрираните гласачи гласале до 9 часот наутро. На претходните парламентрани избори во 2022, таа бројка изнесуваше 10,3 проценти, пренесе Политико. 

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Орбан и неговата националистичка партија Фидес се пред најтешкиот тест да ја задржат власта наспроти растечката популарност на централно десничарската проевропска партија Тиса предводена од поранешниот лојален партиски функционер Петер Маѓар.

Пред гласањето Орбан ги зголеми тензиите тврдејќи дека опозицијата е подготвена на сѐ за да ја преземе власта.

Неговиот противкандидат ветува „промена не режимот“, ресетирање на односите со Европската унија и крај на блиските односи со Русија.

„Унгарците ќе испишат историја кога ќе изберат помеѓу „Исток и Запад“, а опозициската партија ќе победи на изборите“ изјави Маѓар по гласањето во Будимпешта.

Тој ги повика граѓаните да гласаат во поголем број зашто како што рече секој глас е важен и ги повика да пријават било какви нерегуларности за време на гласањето.

Орбан од друга страна ужива поддршка од американскиот претседател Донад Трамп кој ги повика Унгарците да излезат и да гласаат за неговиот „вистински пријател борец и победник“.

И на последниот изборен митинг, Орбан рече дека победата е на дофат и ги повтори главните теми кои ги потенцираше во кампањата против Брисел и Украина. „Нема да ги дадеме нашите деца, нашето оружје и пари“, рече Орбан.

Унгарските партии ја затворија кампањата пред утрешните парламентарни избори

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе