Вести Македонија Најважни

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет  донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.

„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок“, пишува во владиното соопштение.

Од таму додаваат дека очекуваат ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе