Вести Македонија Топ вести

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Ова се снимки од протестот на Дебрешани пред Општина Гостивар на 19 јуни годинава. На жителите на гостиварското село им се здосади од слабиот притисок на водата во нивните чешми па побараа повеќе вода за нив.

Протестот ескалирал кога жителите на селото се обиделе да влезат во општината, а било скршено и стакло на влезната врата. Гневот се смирил кога преставници на општината и комуналното побарале трпение од еден месец за да се интервенира на санација и унапредување на изворот над Дебреше, со цел да се зголеми количината на вода.

Во меѓувреме на 24 Јуни, Комуналец преку Фејсбук  ги известил Гостиварци дека водата не смее да се пие се до следното известување. Но следно известување нема.

Според обвинителството осомничените директори на 25 ти јуни или ден по тоа дале налози на вработени во претпријатието  да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи близу до комората со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

Веќе на 26 јуни претпријатието известува дека Гостиварци немале вода цела ноќ бидејќи се појавил дефект на главна линија.

„Дефектот е предизвикан од ненадејни флуктуации на притисокот на водата, кои оштетија дел од мрежата. Техничките екипи реагираа без одлагање и ги презедоа потребните мерки за санирање на оштетувањето, при што интервенцијата беше успешно завршена во краток временски рок. Оштетувањето е целосно поправено и нормалното водоснабдување е повторно воспоставено во сите погодени подрачја“, соопштија од Јавното претпријатие Комуналец – Гостивар 

Ден пред да избувне скандалот со загадената вода во Гостивар и Советот на општинатаодржал и седница на која директорката Арта Асани информирала дека проблемот во Дебреше е надминат а и дека привршуваат градежни работи за изградба на нов водоводен цевковод со кој ќе се подобри водосснабдувањето во цел град.

Но, ден по тоа беше прогласена епидемија од загадената вода со фекалии, а се осомничени таа и двајца директори од Комуналец.

Инаку десет години требаше да трае проектот финансиран од Швајцарската агенција SECO која финансира повеќе од половина од 7,2 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето. Остатокот го финансира владата, општината и е гранд од германската развојна банка. Премиерот Христијан Мицкоски вчера немаше одговор за тоа дали има ревизија на проектот.

Телма испрати прашања и до швајцарската агенција и амбасада, за тоа до каде е овој проект и кој е изведувач на работите, но до сега одговор нема.

Билјана Николова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе