Секоја пролет сведоци сме на погубната практика во земјоделието, сувата вегетација што останала по нивите да се запали. Иако најголемиот дел земјоделци веруваат дека со огнот го „чистат“ теренот за следната сеидба, агрономите предупредуваат дека штетите се далеку поголеми од краткотрајната корист.
Сувата вегетација ако го помине процесот на гниење станува најплоден дел од почвата. Земјоделците на кои им се брза да се ослободат со палење си прават долготрајна штета по сопствените ниви.
Кога се пали стаништето значи, земјата полека го губи тоа хумусот внатре, квалитетот и структурата многу е лоша после за обработка. Тоа е претежно да обрнат, ова е секоја година го си го прават производителите мисли на една варијанта дека ќе го исчистат нивата од овие но од друга страна се прави голема загуба бидејќи ги убиваат микроорганизмите коишто се створени да го разработат растителното остаток во почвата, вели агрономот Иснириза џелили.
Агрономот советува, доколку не сакаат да чекаат сувата вегетација да изгние има и можност за по-природно третирање на сламата, сува трева и гранките или пак нивна механичка обработка со сечење на ситни парчиња.
И има многу добри познати микробиолошки ѓубрива кои се со шест бактерии унутра и има типодерма да се третира, да се прска и да се заора или. Ако нема друга можност да си по третирањето со препаратот, може да се прави дискување со тањирачи тоа е многу, многу корисно и многу, многу побезбедно и за околината, вели џелили.
Палењето огнови по нивите често пати создава проблеми на целото население затоа што се причина потоа да има големи пожари, што создаваат штети и по други имоти па и опасност за населените места.
Ги замолуваме граѓаните од општина Тетово и руралните општини да внимаваат со палењето. Ако случајно ја чистат нивата да не го остават тоа, рече командирот на тппе тетово, авни ахмети.
Палењето на растителните остатоци покрај што е еколошки неодговорно, доколку е направено со намера претставува казниво дело со глоби од илјадници евра
Александар Самарџиев
