Младиот талент Купер Флег испиша историја во НБА, откако со само 19 години стана најмладиот кошаркар што постигнал 50 или повеќе поени на еден натпревар.
Сепак, неговата неверојатна партија не беше доволна Далас Маверикс да ја прекинат очајната серија на домашен терен сезонава. Тимот од Тексас загуби од Орландо Меџик со 127-138 и го запиша 14-тиот пораз по ред пред своите навивачи.
Првиот пик на драфтот одигра фантастичен натпревар и постигна 51 поен, но без соодветна поддршка од соиграчите, тоа не беше доволно за триумф. На спротивната страна, Вендел Картер Јуниор со 28 поени и Дезмонд Бејн со 27 го предводеа Орландо до победата.
Њујорк Никс убедливо го совладаа Чикаго Булс со 136-96, додека Хјустон Рокетс славеа против Јута Џез со 140-106. Сакраменто Кингс беа подобри од Њу Орлеанс Пеликанс со 117-113.
Бостон Селтикс остварија убедлива гостинска победа кај Милвоки Бакс со 133-101, додека Торонто Репторс славеа на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 128-96.
На останатите натпревари:
Шарлот – Индијана 129-108
Филаделфија – Минесота 115-103
Бруклин – Атланта 107-141
