Останато Спорт

„Три од три“ за Бецеки на стартот на 2026 во Мото ГП (ВИДЕО)

Марко Бецеки продолжува да доминира – Априлија го презема приматот од Дукати по првите три трки во сезоната во рамки на Мото ГП шампионатот.

Бецеки синоќа стигна до третата победа во исто толку трки, триумфирајќи на Големата награда на САД во Остин. Италијанецот е во серија од пет победи по ред, сметајќи ја и минатата сезона.

Со тоа се израмни со ретко достигнување – само трет Италијанец со ваква серија, а прв со три победи на стартот уште од Марк Маркез во 2014 година.

Априлија имаше двојна победа, бидејќи Хорхе Мартин заврши втор, додека Педро Акоста беше трет.

Фабио ди Џанантонио беше четврти, актуелниот бранител на светската титула Марк Маркез финишираше како петопласиран и покрај казната, зад него беа Енеа Бастијанини, Алекс Маркез, Раул Фернандез, Лука Марини и Франческо Бањаја. 

Очекувано Бецеки е лидер во генералниот пласман со 81 бод, четири повеќе од тимскиот колега Мартин, додека Педро Акоста е трет со 60 бодови. 

Во Мото ГП сега следува едномесечна пауза поради презакажаната трка за Големата награда на Катар, па мотоциклистите следно ќе се натпреваруваат за Големата награда на Шпанија на патеката Херез на 26-ти април. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе