Оклахома го победи Њујорк на домашен терен со 111-100 благодарение на 30-те поени на Шеи Гилџеус-Александер. Со тоа кошаркарот на Тандер го продолжи рекордот во НБА со барем 20 постигнати поени на дури 135 натпревари по ред. Кај гостите од Њујорк најдобар беше Џејлен Брансон со 32 поени.
Денвер ја запиша шестата победа во низа откако пред своите навивачи го совлада Голден Стејт со 116-93. На Никола Јокиќ му недостигаа само две асистенции за да дојде до петтиот трипл-дабл по ред, па натпреварот го заврши со 25 поени, 15 скокови и 8 асистенции. Бренин Поџемски и Кристапс Порцингис постигнаа по 23 поени за Вориорс, кои и натаму се без првата ѕвезда Стеф Кари, кој го пропушти 25-тиот натпревар по ред.
Бостон славеше на гостувањето кај Шарлот со 99-114, Торонто го декласираше Орландо со неверојатни 139-87, а Хјустон се радуваше на гостински паркет во Њу Орлеанс со 102-134.
На останатите натпревари:
Милвоки – ЛА Клиперс 113-127
Индијана – Мајами 135-118
Бруклин – Сакраменто 116-99
Портланд – Вашингтон 123-88
