Вести Свет Топ вести

Бербок: Не е само под притисок, меѓународниот поредок е нападнат

Меѓународниот поредок не е само под притисок, туку е нападнат, изјави претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, во говорот во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур.

Бербок рече дека во современиот свет, конфликтите не се водат во самоодбрана, туку како предизвик за светскиот поредок. Во клучен момент, некои сили се повлекуваат од меѓународните организации, а принципите што се сметаат за непроменливи се доведуваат во прашање, истакна таа.

Германката рече дека за нивно правилно функционирање, на ОН им е потребен целиот свет, вклучително и Европа. Заедно со Европа, ОН се повикани да ја бранат вистината во свет каде што лажните вести и дезинформациите се насекаде. Таа нагласи дека единството е клучно во меѓународната соработка и како пример го даде усвојувањето на првиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради инвазијата на руските сили во Украина во февруари 2022 година.

Таа рече дека единството што го демонстрираше ЕУ во тоа време беше во име на зачувување на светскиот поредок и мирот во светот. На крајот од својот говор, Бербок нагласи дека почитувањето на човековите права е клучно за живеење во мир и просперитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НП Шар Планина: Почна демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ од долината на Лешница

Sasko Dimovski

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе