На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Белград денеска се комплетираше стартната рунда од првата фаза.
Во соседскиот дуел, Хрватска ја оправда фаворитската улога и во мечот против Словенија триумфираше до 20:4. Во вториот меч од Б групата, Грција исто така без поголеми проблеми стига до првата победа совладувајќи ја Грузија со 20:6.
Во првиот натпревар од денешната програма Италија забележа победа над Турција со 19:8 додека Романија беше поуспешна од Словачка и славеше со 16:8.
ФОТО: Игор Паневски





































