Вести Македонија

МВР продолжува со имплементација на „Безбеден Град“

Не е украдена камерата од проектот „Безбеден град“ поставена во општина Сарај, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Точковски, демантирајќи информации што се појавија на социјалните мрежи.

-Не, не е украдена. За жал, има многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други, рече Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Азир Алиу.

Тој нагласи дека проектот „Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните и дека МВР ќе продолжи со неговата имплементација како дел од европските стандарди за безбедност.

Во тест периодот видовме дека и само со опомени, без казни, граѓаните придонесуваат за спасување човечки животи. Во 2024 година на територија на СВР Скопје имавме пет жртви во сообраќајни несреќи, а во декември 2025 година немавме ниту едно починато лице. Тоа е заслуга на граѓаните кои решија да го забават управувањето со возилата, истакна министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе