Македонски автобус синоќа излетал од автопатот кај местото Добановци, соопштија српските медиуми.
Според информации на Телма патниците се во добра здравстевна состојба, нема повредени. Им бил испратен заменски автобус и неофицијално веќе се стигнати на местото каде биле тргнати. Сепак се уште се очекуваат официјални инфромации од Српското МНР.
-Инаку Од вчера цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска служба утрото, објави дека има снег на многу делници од најпрометните патни правци од првиот, како и од вториот и третиот приоритет за одржување, со дебелина до пет сантиметри, додека површината на патот е влажна.
