Вести Македонија Топ вести

Нема поместување околу проблемот со Бугарија – на Софија и пречи и македонскиот јазик

Нема контакти со Бугарија ниту директни, ниту посредни преку Брисел или друг меѓународен чинители за откочување на евроинтегративниот пат на Македонија. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој во септември најавуваше дека по Нова година очекува придвижување во делот на добивање гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија до земјава. Четири месеци потоа состојбата е непроменета.

„Никакви нема. Никакви, а ние стоиме на располагање“, изјави Мицкоски.

За Акцискиот план за малцинствата, документ без кој не може да се отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, за кој Мицкоски вчера информираше дека единствено Бугарија од сите членки имала забелешки на него, денеска кажа што конкретно и пречело на Софија.

„Е сега им сметало што е на македонски јазик. На макадонски јазик, во меѓународна употреба, согласно Устав е македонскиот јазик. Јас не можам како претседател на влада, ниту пак министерот, да го крши Уставот. Тоа е основното има и други, но тотално небитни“, рече Мицкоски.

За забелешки од Бугарија за содржината на Документот, Мицкоски со одговор: „Другите се небитни. Еве се ќе прифатиме друго, нормално не внес во Устав, иако тоа не е во Акцискиот план, сите други забелешки ќе ги прифатиме, но јас не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик“.

Мицкоски притоа појасни дека биле советувани од Брисел, Акцискиот план кој било подготвен со најдборите експерти од Советот на Европа да и го достават на Софија еден ден порано, како знак на добра волја, што тие и го направиле, но оти Бугарија, како што рече, повторно ја испуштила шансата да покаже дека е добар сосед. Мицкоски притоа изнесе став став дека малцинставата и впишувањето на Бугарите во Уставот не е клучното прашање за Бугарија, туку дека нејзината намера е сосема поинаква.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе