Меѓу најголемите предизвици во економијата за премиерот годинава ќе биде враќањето на еврообврзницата од 700 милиони евра, наследена од претходната влада. Вели дека, веќе размислуваат и за следните две години кога вкупно ќе треба да вратат 1 милијарда и 200 милиони евра за еврообврзници исто така земени од претходната влада.
Кога на тоа ќе се додадат и државните хартии од вредност, кои треба да се презапишат, буџетскиот дефицит за финансирање на капиталните проекти и другите заеми, пресметката е дека во четиригодишниот мандат ќе треба да врати долг од 6 ипол милијарди евра, но оптимист е дека ќе успее во тоа.
Анализата на СДСМ, пак, е поинаква. Тврдат дека, во многу параметри, како буџетот,движењата во финансиите и енергетиката и оваа година ќе биде една од најкризните години со кои граѓаните ќе се соочат.Првиот шок, според нив, ќе биде ценовниот, што ќе дојде како резултат на покачувањето на цената на електричната енергија.
Образложението дека растот на платите ќе предизвика и раст на инфлацијата, за него не е соодветно и вели дека има механизми со кои тоа може да се спречи, како што е владина поддршка во делот на придонесите, за работодавачите да не го почувствуваат покачувањето.
Дали во реалноста ќе се преточи песимизмот на опозицијата или оптимизмот на власта, ќе покаже статистиката. Бројките од периодот што следи ќе бидат најдобриот показател за тоа, кој бил во право.
Далиборка Демјанска Цветановска
Дигитална обработка: Т.Д.
