Уапсен е турски државјанин кој на автопатот „Пријателство“ кај гевгелиското село Милетково „летал“ со брзина од 203 км/ч. Тој со неговиот автомобил со марка „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки бил фатен со радар од страна на полициски службениците.
„На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, стои во соопштението на МВР.
Лицето веднаш било исклучено од сообраќајот, а за настанот бил информиран и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
