Во 2025 надлежните институции кај Цементарница УСЈЕ извршиле вкупно шест инспекциски надзори, два редовни и четири вонредни, од различни државни инспектори, вклучувајќи и ненајавените вечерни контроли при што не биле утврдени неправилности .
„Нашите инспектори едноставно вршат само контрола над дозволата која што им е издадена. Точно е дека УСЈЕ има 24/7 мониторинг и имаат посебен уред, кој е од германска акредитирана лабораторија. Не е во можност тие сами да си ги штелуваат бројките и тие извештаи ги објавуваат на нивната страна. За да бидеме потранспарентни заедно со директорот и министерот за животна средина правиме напори, прво меѓу нас се координираме за да можеме на правниот субјект на некој начин да побараме од нив таквите извештаи да можеме да ги гледаме и ние од Инспекторатот и Управата се со цел да бидеме потранспарентни кон граѓаните и секако кон вас медиумите“, изјави Ивана Гиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.
Директорот на Управа за животна средина истакна дека Цементарницата УСЈЕ треба да достави барање за обновување на А интегрираната еколошка дозвола.
„По спроведување на целосната постапка на 12.03.2020 година издадена е А интегрирана еколошка дозвола. Дозволата има важност седум години, најдоцна една година по истекот на важноста операторот е должен да поднесе барање за обновување на дозволата, најдоцна 12.03. 2026 та година Цементарница УСЈЕ треба да достави барање за обновување на А интегрирана еколошка дозвола“, вели Игор Никоски, директор на Управа за животна средина.
