Вести Македонија Топ вести

Угостителски објекти, месарници, рибарници под лупа на АХВ и ДПИ – изречени 60 парични казни

Угостителски објекти, месарници, рибарници и продавници за храна од животинско потекло под лупа на инспекторите. Над 650 контроли, исто толку уништена небезбедна храна и утврдени неправилности кои отвораат сериозни прашања за безбедноста на храната што секојдневно завршува на македонските трпези, констатирала Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Инспекторите изрекле и 60 парични казни од над 33.000 евра.

„Спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Изречени се и соодветни опомени и издадени решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности“, информираат од АХВ.

Во лов на неправилности излезе и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со 542 инспекциски надзора во месец декември.

„Неправилности се утврдени кај дел од правните субјекти, по што се издадени 96 прекршочни платни налози во вкупен износ од речиси 2,9 милиони денари. Дополнително, изречени се и 26 мерки, привремена забрана за вршење на дејност“, велат од ДПИ.

Контролите на АХВ и ДПИ ќе продолжат и во наредниот период.  Надлежните апелираат угостителите да ги почитуваат законите, а граѓаните храната да ја купуваат од регистрирани објекти, да ги проверуваат декларациите и условите за чување. Во домовите, велат, клучна е хигиената, правилната подготовка и чувањето на храната на соодветна температура.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе