Зависноста од мобилните и таблетите кај македонските малолетници е алармантна покажуваат истражувањата на Агенцијата за електронски комуникации.
Децата и тинејџерите во просек по пет часа дневно се со дигиталните уреди во рака и пребаруваат на интернет.
Логопедите велат дека оваа зависност остава сериозни последици врз говорниот развој, а бројот на деца со одложен говор и нарушена артикулација е во пораст.
Перфектно го зборуваат англискиот, но имаат потешкотии со мајчиниот јазик.
Логопедите советуваат дека говорот не се развива преку пасивно гледање содржини, туку преку контакт очи во очи, слушање и комуникација.
Андоновска вели дека кога детето е со мобилниот или таблетот, информацијата ја прима еднострано, без можност за интеракција, што директно го забавува неговиот развој на говор.
Воспитувачките и наставничките во детските градинки се првите кои го откриваат екранизмот кај децата.
Апелот е родителите сериозно да го сфатат екранизмот и да посветат поголема внимание на своите деца преку разговори и нивна социјализација во средината во која живеат.
Викторија Димитровска Јованова
Б.С.
