Високите температури, летните одмори и одредени простори во кои хигиената не е на високо ниво го зголемија бројот на пациенти со различна симптоматологија кај матичните лекари.
„Последниов временски период имаме голем број пациенти кои се јавуваат со уринарни инфекции најчесто како изолиран причинител е Escherichia coli кај најголем дел од пациентите. Тие симптоми се со печење, болки при мокрење, чести, интензивни мокрења, во некои ситуации крв во урина и слично, дури и лумбални болки каде што се сместени самите бубрези. И она што е важно за пациентите тоа се појавува поради интензивноиот временски период на мориња, езера базените и слично кои ги употребуваме“, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.
Голем е бројот и на пациенти со гнојни ангини и со респираторни инфекции. Лекарите со апел до граѓаните да внимаваат и на клима уредите и колку истите се редовно и соодветно исчистени.
„Имаме и пациенти коишто се јавуваат со една изразена симптоматологија на сува, надразнителна кашлица која буквално трае подолг временски период. Таа не дава значајни симптоми ниту на бронхит, ниту на пневмонија, меѓутоа е предизвикана од микоплазмпневмонија или од легионела како чест причинител“, додава д-р Ѓорѓиевски.
Легионелите и микоплазмите најчесто се јавуваат со висока температура која може да оди до 39 и 40, но може да има и осцилации. Во одредени случаи и болка во грлото, да почне како вирусна симптоматологија, па потоа да даде бактериска симпотматологија, вели доктор Ѓорѓиевски. Сите возрасни групи, хронично болните се подеднакво подложни и затоа треба да бидат внимателни.
Нина Стефанова
