Вести Култура Македонија Топ вести

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Министерството за култура и туризам не го спроведува конкурсот за кофинансирање странски издавачи за преводи на книги од автори од Македонија, реагираат од издавачката куќа Или- Или. Од таму велат дека немаат информации зошто се случува тоа, а не можат ниту да ги информираат колегите издавачи од странство или преведувачите, кои се јавувале да прашаат. Од Или- Или сметаат дека укинувањето на тој конкурс е во спротивност со поддршката што државата ја дава за претставување на домашните автори на големите саеми на книги, во странство.

Министерството за култура и туризам без образложение го укина конкурсот за кофинансирање на странски издавачи, за објавување праводи на книги од  автори од Македонија, се жалат од издавачката куќа Или- Или. За конкурсот што се спроведуваше од 2013 година, со кој што литаратурата од земјава полесно стигнуваше до читателите во странство , се јавуваат  издавачи и преведувачи од други држави , а ние како издавачи од Македонија не можеме да им дадеме информации зошто е укинат, вели Ненад Стевовиќ.

  • „Бараат информација некои странски издавачи или преведувачи околу тоа. Не можам да им дадам никаква информација. Колку што знам, информација не добиваат ни од самото министерство. Тој фонд за поддршка на превод на македонски автори и тој конкурс постоеше со години, се одржуваше“, изјави Ненад Стевовиќ- издавачка куќа Или- Или.

Според Стевовиќ, министерството секоја година издвојува солидна сума пари за учество на издавачи од Македонија на саемот на книгата во Франкфурт. Тоа е убава презентација на нашето литературно творештво, но е во спротивност со укинатиот конкурс за кофинансирање преводи на дела од домашни автори од странски издавачи, смета тој.

  • „Што ако таму се јави некој издавач, агент кој што е заинтересиран, задоволен е од таа презентација, заинтересиран е за македонски автори. Но, еве ќе праша, како може ова да се кофинансира. Извинете, немаме таков фонд! Така што не знам, тоа е апсолутно бесмислено“, додава Стевовиќ.

Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Бугарија, Србија и Хрватска имаат такви фондови , а ние немаме. А, потребни се за пласман на нашата култура во светот, дополнува Стевовиќ .

Од ресорното министерство со одговор дека укинувањето на конкурсот од лани е поради наследен долг од околу 4 милиони денари (околу 65 000 евра) и други утврдени слабости.

  • „При претходниот начин на спроведување на конкурсот не било водено доволно сметка за фискалните импликации врз буџетот, поради што Министерството за култура и туризам наследи долг од околу 4 милиони денари. Токму од тие причини, се пристапи кон темелно преиспитување на конкурсот, со цел оваа мерка да продолжи да се реализира. Исто така, извршената анализа покажа и други слабости во неговата примена, меѓу кои повторлива поддршка на исти автори, како и финансирање дела што не припаѓаат во областа на културата и не соодветствуваат на основната цел на конкурсот“, соопштуваат од Министерството за култура и туризам.

Сепак, од министерството смируваат дека во септември ќе се објави конкурс за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, со јасно дефиниран буџет, со јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе