Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи. Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи, велат од партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ.
- Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите. Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема.
ВМРО – ДПМНЕ се повикува на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата изградена од Заев и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.
Б.С.
