Вести Македонија Топ вести

Костадиновски: Политичарите да не вршат мобинг врз судството

Претседателот на уставен суд ја заокружи изминатата година како успешна. Им порача на политичарите да не вршат мобинг врз судиите, и да не се нервозни што судот си ја работи работата. Историскиот предмет за законот за јазици, вети ќе се заврши во годината што следи.

Предметот за Законот за употреба на јазиците ќе биде завршен во годината што доаѓа, вети претседателот на уставниот суд, Дарко Костадиновски. Се одолговлекува шест година, а изминатава имаше два обиди за седница за овој закон.

Се одложи поради трагедијата во Кочани, а втор пат бидејќи предметната судијка беше разрешена по одлука на Управен суд. Сега Костадиновски убедува дека ќе се донесе одлука иако се сомнева дека Управен имал влијанија.

  • „Оваа одлука Управниот суд да ја донесеше во рок од 5, 10, 15 па и триесет денови по изборот на судијата немаше да ја оспоруваме, ама две години? Природно е да се сомневаме, здравата логика налага да имаме основи да се сомневаме, вели Костадиновски.

Костадиновски смета дека предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, да има бадинтер при избор на судии не смее да се прифати. Според него политичарите и државните органи се нервозни, поради тоа што судот работи успешно и кога треба ги поништува нивните одлуки.

  • „Извршната и законодавната прават мобинг врз судската власт. Вика 2% доверба во судството, па добро за да се дојде до овие проценти овие две власти каде беа, каде?, вели Костадиновски.

Костадиновски му порача на судскиот совет и на собранието најбрзо што може да изберат уставен судија бидејќи се блокираат дел од предметите. На политичарите пак да не ги етикетираат.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе