Комисијата што го испитуваше случајот на ГАК, каде што почина новороденче, утврди дека лекарите постапиле според медицинските правила и протоколи.
Станувало збор за предвреме родено бебе кое имало тешка инфекција и сериозни проблеми со дишењето.
Белите дробови не биле доволно развиени, а инфекцијата дополнително ја влошила нивната функција.
Поради тешката состојба, бебето било ставено на апарат за дишење четири часа по раѓањето.
Веднаш била започната и антибиотска терапија поради вродена инфекција. Подоцна, врз основа на лабораториските резултати кои покажале знаци на сепса, антибиотиците биле променети.
Кога состојбата се влошила, дежурниот лекар морал повторно да го интубира бебето, затоа што се појавил сериозен проблем, насобирање воздух во десниот дел од градниот кош Итно бил поставен дрен во градниот кош и била спроведена реанимација според пропишаните протоколи.
С.П.
