Вести Свет

Италија ја пренесува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Италијанската парламентарна комисија одобри амандман на буџетот за следната година во кој се наведува дека златните резерви во трезорите на Централната банка му припаѓаат на народот, соопштија пратениците.

„Златните резерви, со кои управува и ги чува Централната банка му припаѓаат на италијанскиот народ“, се наведува во текстот одобрен од Горниот дом на буџетската комисија на Парламентот.

Во текстот се посочува дека амандманот не е правно супериорен во однос на правилата на Европската Унија кои ја штитат независноста на централните банки.

Европската централна банка (ЕЦБ) до објавување на текстот на амандманот двапати реагираше предупредувајќи оти со тоа може да поткопа независноста на италијанската Централна банка.

Министерот за економија Џанкарло Џорџети претходно изјави дека е надминат проблемот со претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард на минатонеделниот состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Брисел.

Италија е трета земја во светот, по САД и Германија по златните резерви, кои изнесуваат 2.452 тони злато, вредно 300 милијарди долари, што е еквивалент на 13 отсто од Бруто домашниот производ (БДП),

Џорџети минатата недела изјави дека извршната власт не планира да го користи златото од Централната банка за финансирање на јавната потрошувачка оти со тоа би се прекршиле прописите на ЕУ,

Амандманот мора да биде усвоен од двата дома на италијанскиот Парламент до крајот на годината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и многу топло, попладне со локална нестабилност Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 20.7.2026

meteo

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе