Вести Македонија Топ вести

Во „Декларацијата од Брисел“ стои спроведување на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија

Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

  • Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите партнери од Западниот Балкан, денеска го заклучивме следново: Денешниот состанок ги покажува силата на нашите односи и придобивките што им ги носи на нашите граѓани. Состанокот е најзначајна можност во годината за повторно потврдување на стратегиското партнерство меѓу Европската Унија и Западниот Балкан, се наведува во Декларацијата.

(видео)Мицкоски од Брисел: Очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив од нашите соседи очекуваме поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ

Во документот се реафирмира целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на Западниот Балкан за членство во Европската Унија.

  • Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи. Ги поздравуваме новата динамика и постигнатиот напредок од последниот состанок. Забрзувањето на процесот на пристапување, заснован врз веродостојни реформи од партнерите, праведна и ригорозна условеност и врз принципот на сопствени заслуги е во наш меѓусебен интерес. Проширувањето е геостратегиска инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет, како што е наведено во Декларацијата од Гранада. Итноста на нашето време бара одржлив моментум. Земјите аспиранти за членство треба да ги забрзаат своите реформски активности. Паралелно, Унијата треба да ги засили своите интерни темели и реформи, се истакнува во „Декларацијата од Брисел“.

Во документот се потенцира дека инклузивната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

  • Сè уште се потребни одлучни натамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, а во согласност со меѓународното право и утврдените принципи, вклучително и Договорот за прашањата на сукцесија, како и преостанатите случаи на исчезнати лица и прашањата за воени злосторства, се додава во текстот.

Грчкото МНР бара да се употребува уставното име

Во Декларацијата се нагласува дека ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западниот Балкан да ги почитуваат европските вредности и принципи во согласност со меѓународното право, приматот на демократијата, фундаменталните права и вредности и владеењето на правото и од нив очекува ова да го покажат со зборови и со дела, преземајќи одговорност и спроведувајќи ги потребните реформи, особено во областа на фундаменталните принципи.

На крајот од текстот се наведува дека европските лидери го поздравуваат усогласувањето на партнерите од Западниот Балкан со оваа Декларација, при што во фуснота се нагласува дека Србија не се усогласила со документот.

Инаку, на Самитот не присуствуваа претставници на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе