Министерството за надворешни работи на Грција денеска реагираше на изјави на премиерот на Северна Македонија, нагласувајќи дека уставното и меѓународно признато име на државата е „Република Северна Македонија“, согласно Договорот од Преспа.
Во соопштението се наведува дека Договорот од Преспа е составен дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете држави, како на меѓународно, така и на внатрешно ниво.
Од грчката страна порачуваат дека секој обид за негово менување или различно толкување нема да биде прифатен.
Грчкото Министерство за надворешни работи потенцира дека меѓународните договори не дозволуваат селективна примена и дека нивното почитување е основа за добрососедски односи и стабилност во регионот.
Воедно се посочува дека напредокот на билатералните односи, како и европскиот пат на Северна Македонија, директно зависат од доследно спроведување на преземените обврски од меѓународните договори.
Б.С.
