Вести Свет

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Папата Лав XIV упати апел за прекин на конфликтите и враќање на дипломатските преговори на низ целиот свет каде тоа е потребно. Обраќајќи им се на илјадниците верници собрани на плоштадот пред папската резиденција, Лав XIV истакна дека „ветровите на војната повторно дуваат“, носејќи насилство, терор и смрт и погодувајќи голем број невини луѓе.

„За жал, ветровите на војната повторно дуваат на Блискиот Исток, во Украина и во многу други делови од светот, сеејќи насилство, терор и смрт и повторно погодувајќи толку многу невини луѓе. Да не дозволиме овие настани да го изгаснат пламенот на надежта и мирот, дури и кога изгледа кревок и нестабилен. Ја обновувам мојата надеж дека патот на дијалогот, средбата и дипломатијата ќе се следи со упорност, единствениот пат способен да доведе до праведен и траен мир, во кој народите можат да живеат во помирување, во меѓусебна безбедност и со почитување на достоинството на секој човек“, порача поглаварот на Римокатоличката црква.

На почетокот од обраќањето, папата ги поздрави присутните заблагодарувајќи им за топлото добредојде. Лав XIV остатокот од јули го поминува во историската папска летна резиденција Кастел Гандолфо, јужно од Рим. За разлика од неговиот претходник, папата Франциск, кој за време на својот понтификат не престојуваше во ова одморалиште и Апостолската палата ја претвори во музеј, Лав XIV повторно ја користи резиденцијата како место за работа и одмор.

Поради неговиот подолг престој таму, Ватикан одлучи дел од административните активности на Светата столица привремено да се извршуваат од Кастел Гандолфо, со цел непречено функционирање на папската служба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе