Вести Македонија Најважни

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку потресно видео на социјалните мрежи побара помош поради долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, потврдија од кумановската полиција.

„Ве информираме дека СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово. Лицето се спроведува во Психијатриската болница во Демир Хисар, по претходно добиено решение од Основниот суд Куманово“, соопштија од СВР Куманово. 

Во видеото што предизвика силни реакции во јавноста, Меланија раскажува дека со години живее во страв за својот живот и животот на своето семејство. Таа тврди дека нејзиниот татко е алкохоличар и има сериозни психички проблеми, ја малтретирал неа, нејзината мајка, баба и братот кој боледува од церебрална парализа.

„Само Господ знае колку пати ми се треселе рацете, колку пати сум плачела додека сум ги работела своите клиенти. Само Господ знае колку пати меѓу термините телефонот ми бил во раце за да викнам полиција. Само Господ знае колку пати ми трепереле и рацете и срцето и сум била вознемирена со страв дека некој ќе ја убие мајка ми или баба ми. Ние сме три жени кои живееме со човек што постојано ни се заканува дека ќе нѐ убие, кој имал обиди и за самоубиство и за убиство врз нас“, вели Mеланија Цветковска.

Mеланија вели дека таткото и претходно во повеќе наврати бил задржуван и хоспитализиран на психијатриско лекување, но без трајно решение,а семејството со години барало помош од институциите. Во своето обраќање таа праша дали треба да се случи трагедија за надлежните конечно да преземат конкретни мерки и да го заштитат нејзиното семејство.

„Дури е жалосно да кажам дека ми се потребни врски за некој да биде сместен во ментална установа. Не знам во кој век живееме, но ова лудило и оваа агонија мора да престанат“, рече Меланија.

Само неколку часа по јавното обраќање на Меланија, институциите реагираа. Таткото ќе се лекува во Психијатриската болница во Демир Хисар

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе