Документарни

СВЕТА ДИПЛОМАТИЈА: ТАЈНАТА МОЌ НА ВАТИКАН – среда, 14 мај 2025 – 20:30

Дали Ватикан е најдобрата агенција за надворешно разузнавање во светот? Водејќи нè зад сцената на Светата столица, овој документарец го крева превезот од тајната дипломатија на папата Франциск, првиот Латиноамериканец и првиот језуит кој ја предводеше Римокатоличката црква.

Исто како брз трилер, овој документарец подетално ги разгледува дипломатските политики на Ватикан, од борбата на папата за подобро прифаќање на мигрантите во Европа, до неговите обиди да го жогулира тероризмот и неговиот затегнат однос со Америка на Трамп. Важни личности на Ватикан, како што се дипломатите и министерот за надворешни работи, се согласија да се соочат со камерата, давајќи ни некои одговори.

Последниот чин на овој документарец се одвива во Хавана, кубанската престолнина, откривајќи запечатен договор меѓу папата Франциск и Барак Обама. Тоа е уште еден доказ за импозантната способност на дипломатите на Светата столица да се претворат во вистински тајни агенти кога е потребно. Понекогаш, тие добиваат резултати како ниеден друг.

https://www.zed.fr/en/catalog/holy-diplomacy-the-secret-of-the-vatican/screening_room/1707

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВЕТОТ НА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ – сабота, 06 јуни 2026 – 17:20

Дејан Дејан

СИНОТО ЗЛАТО НА АЛПИТЕ: РЕСУРС ПОД ЗАКАНА – недела, 31 мај 2026 – 17:05

Дејан Дејан

МИКРОБИТЕ – НАШИТЕ НЕВИДЛИВИ ХЕРОИ – четврток, 28 мај 2026 – 20:20

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе