Промо тв Серии

МИНА СЕТЕМБРЕ

Џелсомина Сетембре, позната како Мина, работи како социјален работник и живее со мајка си откако се раздели од сопругот Клаудио. Мина секој ден се труди да им помогне на сите луѓе кои доаѓаат кај неа барајќи поддршка.

Мина Сетембре е сентиментална драма/комедија сместена во Неапол. Протагонистката е социјален работник која постојано бара решение за туѓите проблеми. Во исто време тоа е и приказна за една жена – со силен карактер, но слатка и кревка – која се обидува да си го застане животот на нозе. Откако неодамна се раздели од својот сопруг таа сè уште е со помешани чувствата, растргната помеѓу нејзиниот поранешен сопруг Клаудио и Доменико, новиот гинеколог на клиниката каде што работи. Привремено како гостин во домот на нејзината мајка, студена и цинична жена од висока класа со остра духовитост, Мина исто така се соочува со мистерија поврзана со минатото на нејзиниот татко, кој неодамна починал: која е жената прикажана на фотографијата скриена во неговата работна соба? Што ако неговиот татко отсекогаш лажел, криејќи втор живот од сите? Решена да дознае, Мина започнува истрага која ќе ја наведе да се соочи со вистината која е многу понепријатна отколку што замислувала. Сето тоа додека трча од еден до друг дел на градот за да им помогне на оние на кои таа им е потребна.

Комедија, сентимент, драма и мистерија се состојките на оваа серија која нуди и слика на Неапол – и општо на Италија како и на разновидното и изненадувачко население.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВАШИНГТОНСКИ  ШПИОНИ – прва епизода – вторник, 11 март 2025 – 23:40

Дејан Дејан

УБИЕЦОТ ПОКРАЈ ЕЗЕРОТО – вторник, 11 март 2025 – 20:30

Дејан Дејан

ТАЈНАТА НА ЕЗЕРОТО – понеделник до петок – 20:30

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе