Обвинителството побара, а судија на претходна постапка одобри мерка притвор во траење од 30 дена за тројцата осомничени во случајот со загадената вода за пиење во Гостивар, изјави Драгослава Веселина, судијка во Основниот суд во Гостивар. Притворот, додаде таа, осомничените ќе ја исдржат во КПУ „Затвор Скопје“ во Скопје.
„ОЈО Гостивар спроведе истражна постапка против осомничените Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши под сомнение дека сториле кривично дело „Тешки дела против животната средина и природата“. Основното јавно обвинителство, по спроведената истражна постапка, преку јавниот обвинител Хазби Исени до судијата на претходната постапка на Основен суд Гостивар достави предлог мерка против осомничените“, рече Веселинова.
Таа ги наведе и причините поради кои е предложен притворот.
„Поради запретената казна која им се става на товар на осомничените, бидејќи се работи за кривично дело за кое е запретена кривична санкција од најмалку четири години, а доколку обвинетите би се пуштиле да се бранат од слобода, постои голема веројатност да се дадат во бегство и да влијаат врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истражната постапка“, додаде Веселинова.
С.Д.
