Вести Македонија Топ вести

„Вреди“ го „виде“ Дрин Ахмети во бел Ролс ројс – тој ги обвини дека лажат и бара извинување. КОД објави за белиот луксузен автомобил во февруари 2023-та

Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владата денеска со тврдење дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети има бел ролс ројс, додека Мијалков вози црвено ферари во Монте Карло.

„Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор. Во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на “силниот“ чичко, Дрин Ахмети. Не му се допаѓа Ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, „супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции“, соопштија утрово од „Вреди“.

Тие додаваат и дека „живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот.“

Преку соопштение, реагираше Дрин Ахмети кој наведе дека не се точни наводите на ВРЕДИ и побара извинување.

„Ако има вистина во оваа приказна, ве предизвикувам да обезбедите јасни, непобитни докази – фотографии, записи од регистарски таблички, извештаи на очевидци или која било друга легитимна документација – за да го потврдите вашето тврдење. Ширењето такви невистини е и штетно за мојот углед и погрешно за јавноста. Барам итно повлекување на вашата изјава и формално јавно извинување. Ако не го сторите тоа навреме, нема да ми оставите друг избор освен да ги следам сите достапни правни лекови“, стои во испратениот мејл на Дрин Ахмети, напишан на англиски јазик.

Внукот на Али Ахмети оценува дека неодговорно и неетичко е да се шират неосновани изјави во обид да се одвлече вниманието од какви било недостатоци или неуспеси на владеачката коалиција. Дрин ги повикува ВЛЕН „да се фокусираат на конструктивен дијалог и фактички дискурс наместо да прибегнувате кон тактики за оцрнување“.

Приказната за белиот Ролс ројс со кичевски таблички беше дел од истражувањата на КОД на Телма за „Семејно стебло Зајас“ и според информации објавени во февруари 2023-та, луксузното возило било регистрирано на фирма чиј сопственик е брат на сватот на Али Ахмети. Ролс ројсот фантом потоа беше продаден во Тетово и доби тетовски таблички, а во Македонија стигнал преку Шутка. Речиси две години подоцна, возилото е дел од партиско соопштение.

КОД: Бел ролс-ројс во Кичево кај сватовите на Али Ахмети, лимузината стигнала од гаражата на Габриел Бајрам

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американците денеска со Украинците, утре со Русите – нова рунда на мировни преговори во Саудиска Арабија

Дејан Дејан

Трамп сака да нè скрши, за Америка да нè поседува – канадскиот премиер распиша вонредни избори на 28 април

Дејан Дејан

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе