Вести Код Македонија

КОД: Бел ролс-ројс во Кичево кај сватовите на Али Ахмети, лимузината стигнала од гаражата на Габриел Бајрам

Додека го правевме второто истражување за бизнисите во семејството на Ахмети, добивме една фотографија. Со порака дека треба да се опфати во нешиот прилог без да посочи повеќе детали.  Бел луксузен автомобил со кичевска регитрација. Станува збор за Ролс ројс, модел Фантом, автомобил кој вреди над 400 илјади долари.

Лимузината е во Македонија од 2020-тата. Но потоа ни беше доставено уште едно видео од лани кога советникот на коалицијата на СДСМ во Град Скопје, Габриел Бајрам, синот на Амди Бајрам слави полнолетство на својот син. На видеото се гледа истиот бел ролс ројс. Тогаш се водел како сопственопст на партијата на Бајрам, Сојуз на Ромите, но од видеото до сега 4 пати му биле менувани регистрациите.

Прво било на партијата, па на фирма од Аеродром, а од лани декември, Ролс ројсот заминал во Кичево како сопственост на фирмата Дукла. Фирмата е во сопственост на Љуљзим Арифи, кој пак е брат на Селаудин, сватот на Али Ахмети.

Потоа во март Ролс ројсот е префрлен на член на семејството Арифи во Кичево, а веднаш по првото истражување на КОД, Ролс ројсот го продолжил патувањето и веќе ја сменил адресата, сега е на човек од Порој.

Ролс ројсот е само една илустрација на големата шема која ја правеше КОД врз основа на своите истражувања.

КОД: Шемата фирми од Ахмети преку неговиот зет води до пратеникот Јахоски, но и до РКМ на Капушевски

Обвинителството отвори предмет кој е поврзан со Соравиа, но ако се потрудат многу бргу може да стигнат до повеќе податоци отколку што КОД успеа досега да открие, за две недели, со помош на јавно достапни податоци, сопствени извори и пораки од непознати граѓани кои помогнаа во истражувањето.

Миомир Серафиновиќ

Сторијата за Ролс-ројсот е емитувана во рамки на второто истражување за бизнис врските во семејството на Али Ахмети, во КОД на 09.02.2023.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе