Не пропуштајте Промо тв Серии

ЗА ЉУБОВТА НЕМА РЕЦЕПТ – ТВ новела – од понеделник до петок во 13:45

Паз, талентирана готвачка, го посветува својот живот на потрагата по ќерката која била киднапирана при раѓањето. Таа се вљубува во Естебан, вдовец со три деца. Заедно, двајцата мора да го надминат противењето на нивните семејства за нивната романса.

ВО МЕКСИКО СЕКОЈ ДЕН, ВО ПРОСЕК, ИСЧЕЗНУВААТ ПО 14 МАЛОЛЕТНИЦИ. ПОВЕЌЕТО СЕ ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ, ЕКСПЛОАТАЦИЈА И НАСИЛСТВО…

Паз Робл е љубезна и вредна жена чиј сопруг, Фермин, ја одзема нејзината новородена ќерка. Фермин има долг кон лихвари и за да го плати тој решава да ја продаде својата ќерка на Мауро Николити. Овој план е оркестриран од Џинебра, посвоената сестра на Мауро. Џинебра ја изгубила ќерката при породување и прави се за да ја замени и да го задржи богатството на сопругот. Естебан Вила де Кортес, пак, ја губи сопругата и останува вдовец со своите три деца. Елвира Монкада, свекрвата на Естебан, го смета за одговорен за смртта на нејзината ќерка.

Шест години подоцна, Паз се уште е со надеж дека ќе ја најде својата ќерка. Нејзиното семејство води ресторан наречен Коразон Контенто. Самара, наводната ќерка на Џинебра, е сакана од нејзиниот татко Елијас, но Џинебра ја малтретира. Џинебра ќе се обиде да се ослободи од Елиас и Сем. која е оставенa да умре.

Естебан и Паз се среќаваат во населбата каде што таа живее. Поради невнимание и одмазда, ресторанот на Паз е затворен, но Естебан и нуди можност да му помогне како готвач во неговиот дом. Судбината успева да ја стави Сем во животот на Паз, а меѓу нив се раѓа врска мајка и ќерка. Романсата помеѓу Естебан и Паз е комплицирана и со голем број предизвици, вклучувајќи ги нивните семејства, нивните сопствени емоции и противењето на Џинебра  и Елвира.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАБЕЖИ ВО ИСТОРИЈАТА со Пирс Броснан – секоја сабота 20:15

Дејан Дејан

ПРОЕКТ СИНА КНИГА – од понеделник до петок во 20:30

Дејан Дејан

ПУЛСОТ НА КЛАСИЦИТЕ – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе