Документарни

КИМ ЈОНГ-УН: СЕВЕРНА КОРЕЈА, НУКЛЕАРНА ДИНАСТИЈА -петок, 20 септември 2024 – 19:15

Во пресрет на 75-тиот роденден на Корејската народна армија, Ким Јонг-ун е решен да ја направи земјата водечка нуклеарна сила во светот. Отстранувајќи ја секоја можност за разоружување, напротив лидерот го зајакнува својот арсенал со тестирање на неговатo „ракетнo чудовиште“ Хвасонг-17. Никогаш не била толку силна севернокорејската нуклеарна закана.
Зошто таква опседнатост со нуклеарно оружје? Колку сериозно треба да ја сфатиме оваа нова закана? Дали Ким Јонг-ун е толку непредвидлив како што велиме и зошто се труди да ја испровоцира целата планета? Еве ги прашањата што ги поставува овој истражувачки документарец, со цел да се разбере што се случува северно од 38-та паралела, во деспотскиот свет на севернокорејскиот лидер.
Благодарение на архивите и необјавените интервјуа со историчари и политичари (од кои некои некогаш беа блиски до режимот), овој филм не води зад сцената на моќта. Со прецизност ги испитува стратегиите и геополитичките манипулации со кои веќе седум децении управува династијата Ким.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГЕЈМИНИГ, ДИГИТАЛНА РЕВОЛУЦИЈА – понеделник, 31 март 2025 – 19:15

Дејан Дејан

БЕСКРАЈОТ – СВЕТОТ НА ЛУИЏИ ГИРИ – сабота, 29 март 2025 – 17:00

Дејан Дејан

ТУШЕ – сабота, 15 март 2025 – 17:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе