Овој документарец (2×52’) ќе претстави избалансирана и добро документирана оценка за првиот мандат на Барак Обама. Иако неговиот избор влезе во историјата, неговиот прв мандат беше многу тежок!
Овој филм ќе биде епска приказна за битките на Барак Обама во Белата куќа. Откако ја презеде функцијата, Обама мораше да се соочи со економската криза, како и со опозицијата решена да го дискредитира и да ја уништи неговата агенда. Обама беше принуден да го прилагоди својот стил на владеење и да ги смири своите амбиции за промени. Овие четири години ја кристализираат самата природа на политичката машина во претставничката демократија. Што се случува кога најдобрите говори и најдобри намери ќе се сретнат со суровата реалност на економската рецесија и немилосрдната политичка опозиција?
Филмот ќе не одведе зад сцената на тие битки користејќи интервјуа со главните советници на Барак Обама и водечките политички аналитичари предводени од Џејмс Трауб, политички новинар за списанието Њујорк Тајмс .
Ексклузивните снимки од Белата куќа и администрацијата на Обама од архивите на Ен-Би-Си нема да бидат само историски транспаренти, туку ќе ни овозможат да шетаме по ходниците на Белата куќа, зад сцената со претседателот на САД, фаќајќи го човекот, неговата осаменост под притисок и неговата леснотија во борбата.