Ракометарите на Еурофарм Пелистер утринава заминаа за Париз, каде утре ги очекува дуел со ПСЖ во рамки на 1.коло од Лигата на шампиони на ЕХФ.
Битолчани по ланскиот разочарувачки настап, кога не остварија ниту една победа, сега се надеваат на далеку подобри резултати. Тренерот Бранислав Ангеловски смета дека обврска на тимот е да се претстави во најдобро можно светло против еден од европските гиганти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.