Спорт Фудбал

Гундоган се враќа во Сити за Барселона да може да го регистрира Олмо

Илкај Гундоган ќе се врати во редовите на Манчестер сити по само една сезона мината во дресот на Барселона.

Сега веќе екс-германскиот репрезентативец е во преговори со Каталонците да го раскине договорот една година порано и експресно ќе се врати во Сити каде претходно играше седум сезони и освои бројни трофеи како пет шампионски титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампиони.

Веќе неколку години Барселона има сериозни финансиски проблеми, па заминувањето на Гундоган на клубот ќе му овозможи регистрација на новото засилување Дани Олмо од Лајпциг, кој го пропушти првото коло. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе