Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава, изјави Бујар Османи, кандидат на ДУИ и коалицијата, на денешните претседателски избори. Тој изрази благодарност до сите кои ја поддржаа неговата кандидатура, но и за Фронтот за Европа, како и на коалициските партнери.
Тој објави победа на Фронтот наспроти албанската опозиција со над 40.000 гласови во, речиси, сите поголеми градови, општини и места во Македонија.
„Денешниот глас е аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на оваа држава. Албанците, Турците, Бошњаците, Роми, денеска докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите“, порача Османи од партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.