Вести Македонија Најважни

ДИК примила барања од 1.300 лица од дијаспората да гласаат на изборите

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1.300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

Според податоците од веб страната на ДИК, од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245. Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе