Вести Македонија Најважни

Тројца членови демонстративно напуштија, па Судски остана без кворум за точката дали да продолжат дисциплинските постапки и постaпките за избор на судии во предизборието

Заменик претседателот на судски, Ханиф Зендели, екс заменикот Селим Адеми, кој лани иницираше разрешување на Дамева и членот Милјазим Мустафа, кој покрена постапката за одговорност на претседатлеката на Врховен, Беса Адеми излегоа од салата. Со тоа го оневозможија гласањето за да се стават вон сила претходните заклучоци на Судски и да продолжат постапките за избор и одговорност на судии во периодот до изборите, предлог кој мнозинството претходно во дисусијата го поддржа.

Не успеаа да ги убедат, ниту колегите кои претходно им укажаа дека се одложени да гласаат наместо да си заминат.

Ставот на триото што напушти беше дека пред неполн месец веќе гласале да се стават во мирување постпаките и да не се отвраат нови, а денеска не слушнале нови аргументи. Се повикаа и на тоа дека судски совет 10 години наназад носел ист закучок во периодот на изборите и дека не е сменет членот 8, а од изборниот законик кој забранува вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции по распишување на изборите.

За разлиика од нив другите членови анализираа дека оваа законска одредба не се однесува на судството како независна власт и дека судски не ги вработува судиите, туку ги избира. Предупредија дека поради паузата може да истечат дел од роковите во дисциплинските постапки.

Преседателката на Врховен, Беса Адеми предупреди дека судски ќе направи блокада во изборите на судиите. Таа и претседателката Весна Дамева укажа дела стопирањето на постапките е спротивно на една од  од препораките на оценската мисија на ЕУ.

Поради немањето кворум, Судски не стаса да дискутира и за тоа дали периодов треба да се спроведе и постапка за избор на двајца челнови на советот за кои треба да гласаат судиите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе