Вести Македонија Најважни

Американскиот сенат со резолуција го поддржа пристапниот процес на Македонија

Соединетите американски држави со резолуција повикаа да се отвори првиот преговарачки кластер на Европската Унија со Македонија. Сенатот упати апел до претседателот и државниот секретар на САД, како и до европските сојузници, тоа да се направи без дополнителни билатерални услови. Се нагласува и поддршката за македонската Влада да ги преземе неопходните реформи за унапредување на членството во ЕУ, јавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

  • Резолуција на Сенатот на САД: Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија и да го поддржат проширувањето на ЕУ со Западен Балкан. Сенатот ја охрабрува Владата на Северна Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во ЕУ, како и со напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитетот во Источна Европа.

За министерот Бујар Османи, ова е охрабрување за нашата држава да продолжи на тој пат, но и охрабрување за ЕУ дека треба да ја забрза евроинтеграцијата на Македонија.

  • Се разбира дека ќе помогне во охрабрувањето на земјите членки, како и до нас дека немаме алтернатива освен членство во ЕУ. Малку е порака и до политичките фактори овде коишто заговараат дека може да има алтернатива на ЕУ, меѓутоа, процедурите се утврдени. Тие се во наш интерес. Ние треба само да продолжиме тука, да одржиме една стратешка предвидливост, особено да не ја ризикуваме таа стратешка предвидливост сега со изборите- Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Резолуцијата беше иницирана од демократските сенатори Питер Велч и Џин Шахин, како и од републиканските сенатори Пит Рикетс и Том Тилис. Минатиот октомври, при посетата на регионот, сенаторот Велч изјави дека „Пристапувањето на Македонија во ЕУ ќе ја зајакне регионалната стабилност на Западен Балкан, ќе ја промовира европската кохезија и дополнително ќе го отфрли руското малигно влијание во регионот и пошироко“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе