Документарни

ИНОВАЦИИТЕ НА НАСА – документарен серијал – секој понеделник во 14:30

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но сепак забрзана преку растечката човечка генијалност и иновации. Ја испитуваме Месечината, развивме сателити за да орбитираат околу нашата планета, кои можат да ја следат нашата благосостојба од илјадници, ако не и милиони километри. Развивме бродови кои можат да летаат, роботи кои можат да и пркосат на гравитацијата и апарати кои ќе ни помогнат да дишеме кога нема воздух. Се чини дека нема ограничувања за предизвиците што можеме да ги надминеме ако го насочиме умот на тоа… но дали некогаш сте се запрашале кој е тој што всушност ги создава и развива овие неверојатни изуми?

НАСА очигледно е еден од глобалните лидери во иновациите и во преземањето огромни еволутивни скокови за човештвото, но како го прават тоа?

Документарниот серијал ИНОВАЦИИТЕ НА НАСА  ве води да ја видите иднината на иновациите во НАСА преку објективот на револуционерни претприемачи од целиот свет, како и новите технологии што го трансформираат нашиот меѓупланетарен универзум на подобро.

Снимено на локации на НАСА низ Соединетите Држави, ги следиме пронаоѓачите, иноваторите, научниците, инженерите, мисловните лидери, астронаутите и претприемачите на НАСА. Во Иновациите на НАСА, ќе можете да се зближите и лично со секој иноватор, давајќи релевантни увиди за создавањето на секоја ѕвезда во подем.

 

https://youtu.be/2C0tXsUGVXU

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТИБЕТ, ПАТОТ НА МУДРОСТА – сабота, 27 април 2024 – 19:15 (1ДЕЛ) / недела, 28 април 2024 – 19:15 (2ДЕЛ)

Дејан Дејан

Абрамович, олигарх во сенката на Путин – документарен филм – сабота, 23 март 2024 – 20:35

Дејан Дејан

УРБАНИ ХЕРОИ – секој вторник во14:30

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе