Вести Македонија Најважни

До 30 милиони евра е тешка кражбата на лекови на Онкологија- Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози

Двајцата директори на клиниката за онкологија за две години, од 2019 до 2021 година, набавувале залиха од лекови без тендер и без да ги знаат реалните потреби за пацинетите. Заедно со тројца онколози, кои препишувале вишоци на терапија, успеале да направат евентуална штета од околу 30 милиони евра.

По вчерашниот упад на онкологија и во домовите на осомничените, Обвинителството денеска побара од Кривичен суд на двајцата директори да им биде одземен пасошот и поранешниот медицински директор да не може да се доближи до работното место.

За онколозите не се побарани мерки и може да продолжат да работат со пациенти. Досегашната предистрага на обвинителстбото покажала дека се препишувале вишоци на лекови кои сè уште не се знае каде завршиле.

Засега е познато дека не завршиле на црниот пазар во Косово, а се чека одговор од Албанија. Се давале една до две дози плус на пациент. Има и изолиран случај кога се дале дополнителни осум терапии кои не ги примил. На ден пред смртта, исто така, пациенти добивале скапа биолошка терапија за која извесно е дека не ја примиле, бидејќи немало потреба од тоа.

Обвинителството има сознанија и за стан каде се чувале лековите кои биле злоупотребени. Обвинителството прегледало 25.500 електронски и хартиени досиеја и разговарало со 35 до  40 онколошки пациенти.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе