Вести Македонија Најважни

Тројца уапсени на Клиниката за онкологија во истрагата за препродажба на цитостатици

Според потврдени информации, на Клиниката на онкологија по претресите, уапсени се три лица меѓу кои и поранешниот директор на Клинката Нино Васев.

На клиниката се уапсени едно медицинско лице и едно лице вработено во техничката служба на клиниката. Од клиниката брифираат дека најмалку уште една вработена утрово не дошла на работа и не била достапна.

По приведувањето, тројцата осомничени се однесени од клиниката која е полна со пациенти. Раководството на клиниката соопшти дека состојбата е нормална и таа работи со полн капацитет. Се вршат прегледи и се аплицираат и издаваат терапии на онколошките пациенти.

-Сите амбуланти работат, ниту еден пациент нема да биде оставен. Сите работиме и планираме, клиниката работи со полн капацитет-изјави Виолета Клисарова, директорка на Клиниката на Онкологија, која потврди дека три лица се уапсени и однесени од клиниката.

Економскиот директор рече дека полицијата и обвинителството не барале докази туку имале само налози за приведување.

-Денеска со налог беа дојдени со наименично наведени лица за приведување. Да, уапсени се поранешниот директор и уште две лица, рече економскиот директор на Клиниката за онкологија.

Неизвесни заклучоците од Анкетната за Онкологија – партиите меѓусебно се обвинуваат за политичко профитерство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе