Вести Македонија Топ вести

Вработените во ФЗО се заканија со штрајк ако им се намалат платите

Револтирани поради фактот дека може да им бидат намалени платите за 21 отсто, вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) најавија штрајк кој ќе се рефлектира на повеќе нивоа: на шалтерите ќе работи само по едно лице, нема да има исплата за капитација на матичните лекари, ниту за лекови за аптеки, ниту, пак, плати во јавното здравство.

Во моментов Управниот одбор не може да донесе одлука, затоа што е длабоко поделен и разбирливо кога се носи таква тешка одлука, вели првиот човек на Синдикатот на ФЗО, Бранко Аџигогов.

Тројца членови се цврсто застанати зад нас, вели тој, два члена гласаат против и еден е воздржан. За да се донесе било каква одлука потребно е мнозинство од четири гласа. Со овој проблем засеганати се 830 вработени.

Тоа значи дека 25 отсто од вработените паѓаат под минимална плата и уште 25 отсто доаѓаат на минимална плата, што е недозволиво за толкава институција, институција која го има најголемиот буџет во државата. Зборувам ликвиден, институција која народски кажано го купува социјалниот мир во државата, од која се исплаќаат сите плати за вработените во јавното здравство и за доктори и за администрација, каде што се финансираат сите приватни здравствени установи во Македонија, се финансираат дел од приватните болници, итн., рече Аџигогов.

Во моментов ние најмалку сакаме да има штрајк во Фондот за здравство, но доведени сме во таква ситуација доколку се намалат платите, вели Деаноски.

Од 46 милијарди денари колку што има буџет Фондот за здравство 1,19 отсто одат на плати. Осум месеци преговаравме со менаџерите на ФЗО и по осум месеци издејствуваме покачување на плата колегите позади мени како административци имаат најниски плати во државата. Решаваат предмети што се над двесте, триста, па и милион евра, праќаме луѓе на лекување. Имаме доктори имаме фармацевти, инспектори кои имаат плата од 25.000 до 27.000 денари. Тоа е под секое човечко достоинство, рече Деаноски.

Сето ова се должи на барањето на Министерство за финансии за намалување на платите за 21 отсто, што Владата го поддржа, вели Деаноски.

Синдикалната организација на ФЗО при Синдикатот на УПОЗ, во преговори со раководството на ФЗО и Управниот одбор на ФЗО во јули 2023, постигна договор за покачување на платите на вработените во ФЗО во висина од 15 проценти во неколку фази.

Во меѓувреме Телма се обиде да добие став и од Министерството за финансии, но за сега нема одговор.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НП Шар Планина: Почна демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ од долината на Лешница

Sasko Dimovski

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе