Вести Македонија Најважни

Миљазим Мустафа ја напушти седницата- Судскиот совет расправа за по неговата иницијатива за утврдување на одговорност на Беса Адеми

Во Судскиот совет во тек е седницата на која се расправа по иницијативата за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Претходно, Советот го отфрли предлогот на членот Тања Чачарова Илиевска извештајот да се врати на доработка.

Пред почетокот на расправата по оваа точка, подносителот на иницијативата, членот Миљазим Мустафа, ја напушти седницата бидејќи како подносител нема право на присуство. Потоа, претседателот на Комисијата која ја разгледуваше иницијативата, Мирсад Сурои, ја презентираше констатираната состојба на Комисијата и го прочита извештајот со што Советот продолжи со расправа.

На почетокот на денешната седница, Советот избра судии поротници на Основниот суд Виница и тоа Стефан Мицов, Васка Николова, Александра Давиткова, Јована Јангеловска, Давид Трајанов, Билјана Јовева, Слаѓана Костадиновска, Игор Димитров и Елена Георгиева.

Советот, исто така, утврди престанок на функцијата судија поротник на Апелациониот суд Скопје, по сопствено барање за судијката Билјана Ангелова Смилева.

На судијата Влатко Сековски од Основниот кривичен суд Скопје, на денешната седница, му беше уважено барањето за надомест на патни трошоци бидејќи е времено упатен во Основниот суд Прилеп, а беше уважено и барањето за доброволно упатување на судијката Виолета Крстиновска, од Основниот суд Ресен, за период од една година во Основниот суд Прилеп.

По расправата за утврдување на одговорност на претседателката Адеми, седницата треба да продолжи со формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд  и разно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе