Вести Најважни Свет

Драматично на Исланд – Лавата влезе во Гриндавик и голта се пред себе

Лавата пристигна до првите куќи во близина на Градот Гриндавик. Две куќи горат откако лавата се разлеа низ населбата, по новата изненадна ерупција на вулканот.Првата куќа се запалила веднаш откако лавата пристигнала до неа.  Итната медицинска помош јави за претпазливост. Порачаа лугето да не се приближуваат до овој град.

Ерупцијата предизвика страв и трепет како кај жителите на Гриндавик така и кај надлежните.

„Она што го видовме утрово беше брз проток на магма од вулканскиот систем што минува низ Гриндавик и во споредба со она што се случи на 18 декември, оваа магма мигрираше на југ кон Гриндавик. За среќа, добивме предупредувања, па добивме зголемена активност за земјотреси, а сето тоа беше доставено до Цивилната заштита, па градот Гриндавик беше евакуиран рано утринава. Ерупција започна пет часа подоцна, по започнувањето на сеизмички немири, па во 8 часот утринава. Она што го гледаме дека се случува сега, е дека нова пукнатина се отвори уште поблиску до Гриндавик. Така, сега имаме пукнатина долга преку километар што исфрла лава, а лавата тече кон Гриндавик. Има бариера, бариера од лава која е изградена (за заштита на градот), но за жал оваа пукнатина се пропагирала низ бариерата, така што дел од лавата е на погрешната страна од бариерата“. – изјави Кристин Јонсдотир, раководител на Одделот за вулкани, земјотреси и деформации во Исландската метеоролошка канцеларија.

Градот брои 4.000 жители кои се со надеж за подобро утре.

Пред Божиќ, имаше четврта ерупција во последните три години во близина на Гриндавик, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик. Градот веќе беше евакуиран поради серија земјотреси, кои предизвикаа големи штети, вклучително и длабоки пукнатини на улиците.

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе