Документарни Не пропуштајте

ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА НА ТЕЛМА – понеделник до петок

ПОНЕДЕЛНИК 14:30– ВКУСУВАЊЕ НА СВЕТОТ

Во едноставноста е убавината! ,,Жамбон бер” – стандарден француски оброк. Но за овој раскошен сендвич со шунка и путер кој освојува награди, ќе треба да се пронајде најдобриот леб, шунка и путер низ цела Франција. Дали станува збор за пица, храната на улиците на Њујорк… Секоја епизода не води во ново гастрономско уживање.

ВТОРНИК 14:30 – ФАНТАСТИЧНИ ДИЗАЈНИ

Ве водиме во обиколка на објекти и пејсажи од соништата во кои сопстевниците вложиле многу љубов и енергија и постигнале хармонија со природата.

СРЕДА 14:30 – АРМАГЕДОН

Климатската катастрофа не е блиску, таа е веќе тука! 

Ако земјите ширум светот драстично не ја трансформираат својата економија и не ја намалат потрошувачката на фосилните горива, ќе го поминеме ,,прагот” кога климатските промени ќе бидат толку екстремни и ние луѓето нема да можеме да се прилагодиме. Дали топлотните удари, гладот и заразните болести ќе бидат нашата иднина и дали ќе предизвикаат смрт на милиони луѓе до крајот на веков. Каква е иднината на нашата планета? Прашањата и одговорите на овие есенцијални прашања за човештвото ги имаат реномираните руски научиници.

ЧЕТВРТОК 14:30 – ЗЕЛЕНИ ХЕРОИ

Бегајќи од пренатрупаните и загадени градови, сите имаме потреба од бегство во природа.

Повеќето од нас тоа го прават во викендите, но овие луѓе решиле целиот свој живот да го создадат на поинаков начин.

ПЕТОК 14:30 – КУЈНАТА НА ЛУАНА

Опкружена со роднините и гостите кои сакаат добра храна, Луана го зема своето волшебно стапче и импровизира вкусни јадења до совршенство. Едноставен, лесен и достапен на сите, тоа е стилот на Луана. Во друштво или сама, таа ќе ве натера да ја ставите престилката и повторно да го откриете задоволството на готвењето со леснотија!

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТИБЕТ, ПАТОТ НА МУДРОСТА – сабота, 27 април 2024 – 19:15 (1ДЕЛ) / недела, 28 април 2024 – 19:15 (2ДЕЛ)

Дејан Дејан

БАТИСТ-сериски филм – прва епизода – вторник, 30.04 во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе